Денеска почна Изложбата- Мироносно цвеќе на пријателството, на која беше изложена “Цветна патека на мирот” долга 101 метар на уметникот Живко Поповски Цветин, а подарени беа 150 слики за учесниците.
Над Спомен куќата на Мајка Тереза беше пуштена и порака за мир, со пет балони . Изложбата беше со поддршка и соработка на Спомен куќата “Мајка Тереза” и директорот Цури Насер, Здружението на просветни работници на Град Скопје и претседателката Катерина Митковска, Фондацијата “Никола Кљусев”.
Учествуваше една паралелка од ООУ “Гоце Делчев” Скопје.
Учество зедоа меѓу другите универзитетските професори Јелица и Атанас Николовски, Цане Пејковски и Ванѓа Радевска, Људмил и Маргарита Кљусеви, Димитар Илиевски, поетите Оливера Јовановски, Лилјана Стоилковска, Гете Цвет Спасикова, Мендо Димовски, Илко Димитриевски, Андреа Дојчиновски, Живко Деспотовски, Билјана Челик, Моне Златев, Жаклина Михајловска (Сиднеј), Лидија Лучко- Јеремиќ, Миле Јовановски, Вики Среброва, Роза Трајковска (Мелбурн), диско Цветин, Предраг Тасиќ, Фиданка Танаскова, Валентина Ѓоргиевска Парго, Хорот “Серенада”, Институт за трансфузиона медицина како поддржувачи на настанот, Црвен крст на град Скопје, Аљоша Симјановски музичар и режисер, Валентина Новковска Трајковска, радио новинар, Милена Лазова ТВ новинар.
Томислав Башевски новинар претставници од Здружението на просветни работници литературн творци, како и претставници на Здружението “Лоза” како и други почитувачи на Цветиновата мисија на мирот со цвеќето.
Изложбата ќе се одвива континуирано 50 дена (ќе трае до 18 јануари 2023) со разни настани на 3-ти, 10-ти, 11-ти декември, како и со одбележување родендени на значајни личности Блаже Конески, Васил Иљоски, Кочо Рацин, новогодишни и други празувања…
-Секој што има добиено моја слика од Мироносните македонски цвеќиња ако се фотографира со подарокот станува учесник на Изложбата. Учесници ќе бидат и оние пријатели од другите градови кои ќе се фотографираат со мои подарени слики и истите ми ги пратат фотографиите или ги објават на социјалните мрежи, вели уметникот.