Уметничкото здружение „АРТ група АКТ“ од Ваљево, Србија, во 2020 година распиша меѓународен стрип конкурс. На конкурсот пристигнаа над сто стрипови од Србија и од странство. Уметнички директор на Ваљевскиот стрип фест е Дејан Богоевиќ.
Од пристигнатите стрипови од Србија, Македонија, Црна Гора Босна и Херцеговина, Бугарија, Уругвај и Канада, жирито во состав Зоран Стефановиќ, управник на Центарот за уметнички стрип, претседател, Дејан Богоевиќ, мултимедијален уметник, член и Ана Новаковиќ, истроричарка на уметноста, член, едногласно одлучија да ги наградат следните автори и стрипови:
“Душан Релиќ-„Aлигаторот Але“ доби Гран при на Четвртиот ваљевски стрип фестивал. Првата награда ја доби Катерина Николовска Тери и Александар Стефанов – „Приказна за безбојното мече“, втората отиде во рацете на Стефан Круниќ и Вукашин Митровиќ – без наслов а третата кај Марко Стојановиќ и Марко Серафимовиќ – „Кривец“.“-стои во соопштението на жирито/
Жирито додели и други награди .Така наградата за раскажување ја доби Душан Вукојев- „Рунди“, Ѓорѓи Антевски-„Катарза“ ја доби наградата за ликовност,Невена Марковиќ-„Сачовек“ доби награда за цртеж, Миодраг Кулић Мија- „Поп“, награда за сатира а Марица Кицушиќ-„Сhat nolajferi“ ја доби наградата за хумор.
Беа доделени уште некои награди ,а за поттикнување на стришот кај децата награди добија Ева Јовановиќ (5,5 години) и Кала Јовановиќ (7,5 години) -Посебно признание за најмлади учеснички на фестивалот. Стрип центар од Велес Македонија доби Специјална пофалнца за педагозите.
Наградата за најдобар млад автор ја доби ,Ангела Петрушевска- „Прикаѕна за животот и смртта“