Овој голем настан е уникатен зашто за прв пат во овој музеј и во Виена се изложуваат над 60 дела од славниот сликар од 17 век, а се позајмени од многу институции од повеќе држави од светот. Станува збор за изложба на дела од Рембрант од перспектива на неговиот талентиран ученик Хогстратен.
На големиот настан присуствуваше и амбасадорот на Македонија во Австрија, Освит Росоклија, а министерот Љутков оствари средба и со директорката на Музејот, Сабина Хаг. Изложбата се најавува како исклучителен настан за европската култура зашто изобилува со ретка меѓународна збирка на ремек-дела од Рембрант, дава увид во холандското барокно сликарство, но и ја осветлува поврзаноста меѓу Рембрант и Хогстратен вклопена во изложба надградена со виртуелната реалност.
Министерот Љутков вечер ќе присуствува на концертот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет, кој гостува во „Ehrbar Saal“ во Виена.