ЈУ КИЦ: Групна изложба наречена “Мојот белег”

Во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбениот салон- Империјал 2 на 18 ноември 2021 година во 19 часот ќе биде отворена групна изложба наречена “Мојот Белег”, која ќе трае до 30 ноември.

На изложбата ќе бидат изложени 9 дела работени во повеќе сликарски техники, графики и дигитален принт од ликовните уметници: Јана Јакимовски, Ана Ивановска, Шќипе Мехмети, Симонида Филиповска Китановска, Жанета Глигориевска, Жанета Гелевски Велковска- Жани, Јана Манчева Чупоска, Ана Темкова и Емилија Божиновска.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.