Калина Брајковска утре отвора нова изложба

Во петок (27.05.2022 година), со почеток од 19 часот, во просториите на галеријата “Пионери” (“Митрополит Теодосиј Гологанов, 47а“), љубителите на домашната уметност ќе имаат можност да го проследат отворањето на новата изложба на истакнатата Калина Брајковска.
Инспирирана од секојдневието и личните доживувања, Брајковска, која е препознатлива по својот колоритен израз, овој пат се фокусира на потемни нијанси и црна боја.
Во рамки на нејзината 10. самостојна изложба по ред, а втора оваа година, ќе бидат изложени вкупно 10 дела креирани со техника масло и акрил на платно. обединети под темата “Обиди се да се сетиш на своите соништа“.
Сите заинтересирани посетители и љубители на уметноста ќе може да ја посетат изложбата до 15 јуни.

Калина Брајковска е родена на 27.12.1979 година во Скопје. Дипломира на Филозофскиот Факултет на отсек историја на уметност со археологија. Работи и живее во Скопје, а со применета и ликовна уметност се занимава во целиот нејзин досегашен живот. Во рамки на нејзиниот ликовен опус, своите дела ги има прикажано на голем број изложби, меѓу кои и 10. Интернационалниот фестивал за современа уметност „Паратисима Торино“ кој се одржува во Италија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.