Изложбата на Петковски за скутините и во Гевгелија

Домот на културата „Македонија“- Гевгелија е организатор на уште еден културен настан од областа на македонскиот фолкор и богата традиција. На 3 март, 2022 година, со почеток во 19:00 часот, во Клуб-галеријата на Народниот театар (прв кат), ќе биде отворена Изложбата на етнокореологот Бојан Петковски: „Скутина, фута, бовча, диљка“. Влезот е слободен.
– Кон крајот на ЏИЏ век носијата била во својот полн сјај, карактеризирајќи се со слоевитост во облековните елементи и накитот. Фактот дека носијата е комплетна конструкција сочинета од низа облеки иницира давање акцент на секој засебно. Овој проект ќе фрли светлина врз скутината. Првата визуелна средба меѓу носијата и гледачот прави гледачот секогаш да го насочи своето внимание на скутината. Централно поставена, генерално во големи димензии, таа чини голем дел од целокупната слика на носијата. Во скутините се напластени основните човекови потреби, но и низа скриени знаци. Широката распространетост продуцирала различна локална терминологија: скутина, фута, бовча, телена диљка, опрегач заен, опрегач преен, бокча, дипла, скутача, пештемал… Фасцинациите, интересите, истражувањата и научната опсервација се канализираа во проектот: „Скутина, фута, бовча, диљка“- Изложба на скутини.
Публиката преку четири различни методи ќе може да ја осознае вредноста на скутините. Методот на инкорпорирање, реалните предмети најдени на теренските истражувања, ќе ги соедини со црно бели фотографии, на коишто е забележан идентичен предмет. Веродостојноста на дел од скутините гледачот ќе може да ги утврди преку методот на компарација со визуелна оставнина од минатото. Преку методот на рефлексија, дел од скутините. Ќе бидат изложени „анонимни“ скутини, кои кај гледачот ќе стимулираат интерес за нивно истражување. Преку засебни паноа за атипични примери за носење на скутини, ќе се забележи и едукативниот карактер на проектот, ќе истакне етнокореологот Петковски.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.