Во рамките на 10. издание на филмскиот фестивал „Скопје Синема Сити“, здружението Номад- Арт Скопје ќе организира групна изложба на фотографии „The Vlatko Stefanovski Experience“, на 26 јуни, во Мала станица.
Во 2024 година, Влатко Стефановски одбележува 50 години од својата кариера и на овој начин, Фестивалот му оддава почит на Стефановски, како на реномиран музичар. Во рамките на изложбата ќе бидат прикажани фотографии на неколку фотографи: Стефан Рајхл, Ангел Ситновски – Бојс, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, како и архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и Владимир Мандичевски – Манде. Изложбата сведочи за многуте концерти на Стефановски низ годините, за соработки и достигнувања, видени низ призмата на реномирани фотографи и колекционери.
Идејното решение на плакатот е на Дијана Димитриевска. Но
Фестивалот Скопје Синема Сити, во чијшто фокус се музички документарни филмови, оваа година ќе одбележи 10 години постоење. Филмските проекции ќе се одвиваат во Кинотека на С. Македонија од 1 до 4 јули.