Вечерва, 6.12.2024 година, со почеток во 19 часот, во ЛУ Градски музеј Крива Паланка ќе биде отворена изложбата „Ре(откружено) на уметниците Марина Цветановска Мартиновска, Александар Симоновиќ, Мирослава Цветковиќ и Марија Мицова Гацова.
(Ре)откружено“ е третиот заеднички ликовен циклус на овие визуелни уметници, кои со своите размисли и идеи за поимот на „откруженото“ и „реоткруженото“, ги транспонираат во самостојни и групни ликовни композиции. Притоа, кругот е доминантната, носечка и едниствена изразна форма.
Проектот започнува во 2022 година со изложбата „О(т)кружено, кој понатаму се развива во изложбата Ре(откружено) , а во најновата е збогатена со нови ликовни солуции и решенија.
„Главниот концепт на овој проект е обединувањето, „вкружувањето“, можноста за вмрежување на нови автори со иста или слична фреквенција, како еден вид метафора која говори за „продолжување на низата“, непрекинливоста, бесконечноста. Овие поими се инкорпорирани во симболиката на кругот, бидејќи како што вечноста нема почеток и крај, така нема ни кругот“, вели Драгана Спасковска, историчарка на уметност од НУ Музеј Куманово.
Организатор на изложбата е Градскиот музеј во Крива Паланка, а се реализира во рамките на маифестацијата „Крива Паланка- Град на културара 2024“.