Во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбениот салон – Империјал 1, од 3 – 15 ноември 2021 во 19 часот ќе биде отворена изложба наречена „Предели во дрво, стакло …“ од ликовниот уметник Љупчо Бојаров.
На изложбата ќе бидат изложени 30 дела работени во повеќе материјали – дрво, стакло, епоксидна смола и бакарна жица, создадени 2015 – 2021 година.
Љупчо Бојаров е роден на 16.08.1959 година во Скопје. Училиште за применета уметност завршил во Скопје во 1978 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1984 година. Член е на ДЛУМ од 1984 година. Живее и работи во Скопје.
Добитник е на повеќе награди, во земјава и во Шведска, Италија, во поранешна Чехословачка. Досега имал повеќе самостојни изложби и учествувал на меѓународни изложби во нашата држава и во Србија, Шведска и Црна Гора. Бил дел од групни и меѓународни групни изложби во нашата земја и во Србија, Црна Гора, Чехословачка, Унгарија, Словачка, Шведска, Англија, Франција, Америка, Грција, Египет, Италија и Бугарија.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.