Почетна УМЕТНОСТ Изложби Отворена изложбата „Со заеднички елан: од игри до дипломатија“ на УКИМ по...

Отворена изложбата „Со заеднички елан: од игри до дипломатија“ на УКИМ по повод 50 години Француски институт, а во чест на ОИ 2024

4.11.2024

Амбасадата на Франција во Скопје и Францускиот институт во Скопје, во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во петокот, 1 ноември 2024, ја отворија изложбата „Со заеднички елан: од игри до дипломатија“, којашто е поставена на оградата на универзитетскиот кампус, а истата се прикажува низ повеќе земји во светот.

Изложбата ја отворија г-дин Иго Бештел, Советник за култура и соработка во Амбасадата на Франција и Директор на Францускиот инстут во Скопје, и проф. д-р Александар Скепаровски, Проректор за меѓународна соработка при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во присуство на професорите по француски јазик при Филолошкиот фактитет “Блаже Конески“ во Скопје.

Тие поразговараа за универзитетската соработка помеѓу македонските и француските универзитети, а потоа ја разгледаа изложбата, којашто е поставена во чест на Олимписките и Параолимписките игри, коишто летово се одржаа во Париз.

Целта на изложбата е да се истакнат заедничките вложување за мир во политиката и во спортот на некои од најзначајните светски дипломати, кои биле дел од Олимписките игри низ годините.

Тие испраќаат јазни пораки за мир, за почитување на Правата на Човекот, за еднаквост и за солидарност.

Изложбата ќе биде поставена на УКИМ до крајот на годината.

metropolis-big