Изложба “НарАртива 2: 150 години  импресионизам”

24 октомври 2024, во Гевгелија:

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, во соработка со НУ Музеј – Гевгелија, организира Изложба „НарАртива ИИ: 150 години импресионизам“, којашто ќе се отвори на 24 октомври 2024 година (четврток), во Галерија „Амам“, со почеток во 19:00 часот.

Изложбата го одбележува јубилејот со одржувањето на првата импресионистичка изложба во париското студио на Гаспар-Феликс Турнашон, легендарниот фотограф познат како Надар во 1874 година и има за цел да ги изнесе на виделина линиите на поврзување помеѓу визуелното и текстуалното, обезбедувајќи увид во некои од механизмите на комуникација помеѓу овие два облика на индивидуалниот творечки израз.

Сатиричната критика на Луј Лерој насловена „Изложба на импресионистите“, а која, безмалку парадоксално и успеала да го етаблира називот на оваа група уметници кои биле под влијание на Клод Моне и неговата „Импресија, изгрејсонце“ (1872), обидувајќи се да исмее недостатоци од гледната точка на Лерој (непотполност, недостаток на финеси итн.), всушност, како да успеала да ја закотви импресионистичката естетика токму во „филозофијата на доловување“ прекусубјективното „скицирање“, доловување на минливоста на човековите чувства и во една поопшта смисла, на човечките искуства, што е секако случај и со импресионизмот во литературата, чии траги може да се видат во делата на автори како Вирџинија Вулф, Џозеф Конрад и Хенри Џејмс, кои, создавајќи фрагментирани наративи, ја нагласуваат супериорноста на човечкото искуство во однос на објективните описи.

Оваа интеракција помеѓу надворешните настани и  внатрешното искуство уште пред појавата на импресионизмот во визуелните уметности била земена предвид и од симболистите, предводени од Бодлер и Маларме, кои користеле особено живописни слики и атмосфера за да изразат подлабоки, неретко и збунувачки или повеќесмислени значења.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.