Изложба на професори од Националната уметничка академија од Софија во Галерија ФЛУ на ФЛУ при УКИМ- Скопје

Скопје, 10.12.2024
Изложбата на професори од Националната уметничка академија од Софија со наслов „Дијалог преку уметност“ на професори од Националната уметничка академија од Софија, ќе се отвори на 12.12.2024 година (четврток) во Галеријата ФЛУ на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ- објект Педагошка во Скопје со почеток во 20 часот.
ФЛУ, УКИМ во Скопје интензивно работи на воспоставување и продлабочување на соработката со сличните високообразовни институции од регионот и пошироко. Меѓународната соработка покрај изложбена активност значи и размена на искуства, мобилности на студенти и наставен кадар и заеднички уметничко-креативни и уметничко-научни истражувачки проекти.
„Дијалог преку уметност“ е изложба на професори од Националната уметничка академија (НУА) во Софија, која има за цел да ги зајакне врските помеѓу НУА и Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје. Преку уметноста, организаторите на изложбата – Министерството за култура на Република Бугарија и Националната уметничка академија – воспоставуваат директен дијалог со Република Северна Македонија. На овој начин се изразува подготвеноста за развивање и унапредување на партнерството и соработката помеѓу двете образовни институции преку реализирање заеднички уметничко-креативни, уметничко-научни проекти и иницијативи.
Изложбата ги претставува трендовите за образовни практики од областа на визуелните уметности и вклучува 40 дела од 18 професори од Националната уметничка академија, изработени во различни техники од ликовните и применети уметности.
Автори: Елизар Милев, Красен Троански, Венцислав Шишков, Розина Макавеева, Васил Колев, Зоран Мише, Емануела Ковач, Здравка Василева, Кирил Бошков, Николина Енчева, Кристина Борисова, Георги Јанков, Гергана Табакова, Светозар Бенчев, Љубомил Драганов, Бојана Павлова, Капка Канева, Мања Вапцарова.
Изложбата „Дијалог преку уметност“ во Галеријата ФЛУ на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје, претставува асоцијативен простор за дијалог и се фокусира на две главни теми: разгледување на актуелните образовни трендови во областа на визуелните уметности и планирање на идни заеднички проекти кои ќе имаат позитивно влијание врз културниот дијалог и интеграцијата меѓу професорите и студентите од двете високообразовни институции.
Изложбата ќе биде отворена до 22 декември 2024 година.
Светозар Бенчев Розина Макавеева
„Островот на сирените I“ „XVII“ акрил, дрво, метал комбинирана техника Гори Тилилејски Красен Троански „Уметничка книја“ „Сфери“ светлосна инсталација порцелан
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.