Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерство за култура на Р. С. Македонија го најавува отворањето на изложбата „Мал формат“ кое што ќе се одржи на 02.11.2022 година (среда) во Културно Информативниот Центар КИЦ , салон Имеријал 1, во Скопје со почеток во 20 часот.
Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 см претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка.
На овогодинешното издание на изложбата учествуваат 40 уметници со 55 дела (некој од нив со по две дела). Се изразуваат во техниките сликарство, скулптура, графика, цртеж, колаж, објекти, нови медиуми.
На отвароњето на изложбата Друштовот на ликовни уметници на Македонија ќе додели една награда за Мал формат.
За сите љубители на уметноста изложбата ќе биде отворена до 12.11.2022 година.