Скопски џез фестивал: Изложба на Роб Мазурек „Radical Chimeras“

(Звучни принтови, слики, скулптури, инсталација)

 

Среда, 16 октомври, 19:30 часот

Галерија МКЦ

 

Роб Мазурек е композитор, трубач, визуелен уметник, апстрактивист и современа музичка икона на чикашката авангардна сцена. Тој ја прифаќа архитектурата на „звукот како визија и визијата како звук“ во функција на радикално поигрување со формата и чувството како канал кон нови правци на гледање и слушање. Неговите дела се однесуваат на преобразувањето на звукот во подвижни и неподвижни слики (звучни принтови). Ваквите принтови функционираат самостојно или се реконфигурирани низ сликање / креирање отпечатоци. Овие нови дела, специјално изработени за оваа изложба, се своевидно продолжение и елаборација на неговата серија „Radical Chimeras“, отелотворени во албумите „Dimensional Stardust“, „Lightning Dreamers“ и „Live at the Adler Planetarium“ на неговиот најзначаен голем ансамбл Exploding Star Orchestra, издадени за етикетата International Anthem. Користејќи го звукот како појдовна точка, овие дела соединуваат крајно различни елементи за да создадат едно нешто и потоа истото да го превртат во нови состојби на постоење. Преку овие проекции на апстрактни форми, Мазурек ги повикува гледачите/слушателите во просторни и перцептивни стварности, како и замислени стварности, што активираат нови сензации, повикувајќи ја публиката да гледа и слуша на еден поширок, поотворен начин.

www.skopjejazzfest.com.mk

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.