Во НУ Центар за култура од Крива Паланка, вечерва (13.08.2024), со почеток во 20,00 часот ќе биде отворена изложба на ликовни дела од Маја Андонова Јокиќ.
Изложбата е насловена „Мантра на љубовта“ чија порака е доловување на малите мигови во денот, повеќе љубов, поддршка и поттикнување промени што сакаме да ги видиме во општеството, особено во брзото време на живеење, на изместени духовни и морални вредности.
Маја Андонова Јокиќ е трагач по одговори за човековата душа, вљубеник во јогата, зајдисонцата, изгрејсонцата, облаците, доживувањата што будат, емоциите што ги изразува со свој специфичен сопствен израз.
Изложбата е дел од програмата на Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата 2024“.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.