На 7. јуни (петок ) во Галеријата „Акантус“ ќе биде отворена изложбата на графики од уметникот Илија Пенушлиски, насловена „Градот“.
За својата нова изложбена поставка, уметникот Пенушлиски вели: „Познавам раскошни градови. Сум видел и грди градови. Го знаев и го сакав Скопје. Сликам градови со децении. Ме опседнуваат. Од магијата на градот не можеш да побегнеш. Градот поседува моќ да те зграпчи, да те направи вљубеник, да те зароби или пак да те фрли во очај. Градот не е само глетка, не е само урбан простор. Градот ти се отвара зад секој нов агол и се шири низ напластените времиња. Градот може да биде континент што мами да го истражуваш повторно и повторно, ‘до бескрајот на непознатото за да се пронајде новото“.
Изложбата ќе може да се види до 26.јуни!