Оваа недела, во рамки на Маалски
фестивал организиран од Центар Јадро, ќе имате шанса да ја посетите изложбата на Христина Иваноска во
Музејот на РСМ.
Прошетка низ изложбата „Документот што недостига: За методологијата (текст, глас и тело)“ со уметницата Христина Иваноска
Во недела 6 ноември, во Музејот на РС Македонија од 11 до 13 часот, публиката ќе има можност да ја посети изложбата на уметницата Христина Иваноска со наслов „Документот што недостига: За методологијата (текст, глас и тело)“.
Прошетката низ изложбата е во рамки на „Маалски фестивал“ кој го организира КСП Центар Јадро во соработка со Тиииит!Инк. и Центарот за истражување на национализмот и културата – ЦИНИК– Скопје.
„Документот што недостига“ е долгогодишен истражувачки, концептуален и ликовен проект на
Иваноска започнат во 2014 година, а којсе однесува на формите, наративите и естетиката на политичкото дејствување на жените во Македонија во првата половина на 20 век и нивното
поврзување со денешните форми на
отпор. Во фокусот на овогодинешниот
проект е списанието „Македонка –
Орган на АФЖ“, првото македонско
женско списание, издадено во 1944-та година, 3 месеци по одржувањето на
АСНОМ и прогласувањето на македонската држава.
Изложбата „Документот што недостига:
За методологијата (текст, глас и тело)“ се задржува на првиот број на
„Македонка“ кој се појавува за прв
пат во извонредно тешки услови на 7
ноември 1944 г. Фокусирајќи се на
својата методологија на работа,
Иваноска издвојува трисуштински
поими на перформативното: текст, глас
и тело, околу кои се конципира
поставката на изложбата.
Во недела, на 6-ти ноември, од 11 до 13
часот, во рамки на „Маалски фестивал“
на Културно-социјалниот простор
„Центар-Јадро“, ќе се организира
прошетка низ изложбата во Музејот на
РС Македонија водена од уметницата
Христина Иваноска, како и посебно
изненадување за посетителите подготвено од уметницата, и l организаторите Тииит! Инк. и ЦИНИК.
Изложбата ќе биде отворена за
јавноста до 30-ти ноември.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.