Францускиот институт во Скопје, галеријата Остен и Националната галерија- Чифте амам покануваат на отворањето на изложбата „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“, во Чифте амам, в среда, 27 ноември 2024, во 19:00 часот.
Изложбата ќе ја отворат:
Н.Е. г-дин Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција и г-ѓа Маја Неделкоска- Брзанова, Директорка на Националната галерија.
Инаку, Остен музејот има значителна колекција со повеќе од 15,000 уметнички дела од 3.000 уметници од над 80 земји (слики, цртежи, графики, скулптури, предмети, како и керамики). Делата во ОСТЕН МУЗЕЈОТ се поделени во национални колекции, од кои француската колекција е меѓу најзначајните и најбројните со близу 200 француски уметници меѓу кои освен големите мајстори како Анри Матис, се и уметници од модерната и современата уметност како Пјер Сулаж- добитник на ГРАН ПРИ за животно остварување на ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2018, како и уметници од разни делови на Европа и светот кои поголемиот дел од живот и кариерата ги изградиле во Франција како Пабло Пикасо или Виктор Вазарели.
Изложбата е во знак на затворање на прославата по повод 50 годишнината на Францускиот институт во Скопје.