На 6 октомври, со почеток од 19 часот, во просториите на галеријата „Пионери”, ќе биде отворена изложбата „Стогови на времето” на македонскиот уметник Филип Велковски. Главната цел на галерија „Пионери” е да промовира млади уметници од регионот.
Галерија „Пионери“ кани на свечено отворање на индивидуалната изложба „Стогови на времето” на уметникот Филип Велковски на 6-ти октомври, со почеток од 19:00 часот, во нашиот галериски просторна ул. Теодосиј Гологанов 74а, Скопје. Изложбата ќе биде достапна за јавноста во периодот од 6 – 25 октомври, 2022.
„Стогови на времето” сублимира делови од изложбите на македонскиот уметник Филип Велковски прикажани во периодот 2017-2022 година, и претставува негова четврта самостојна изложба.
За изложбата „Стогови на времето“:
„Стогови на времето” го совлада нашиот галериски простор со моќна порака дека временската скала секогаш ги наталожува моментите од минатото во сегашност и иднина. На виртуелниот екран на дигиталните архиви, гледаме процес на компостирање на хронолошки стогови сено во дистописки розов смог. Каков живот овие стогови пренесуваат од иднината кон вечноста? Какви остатоци будат во нас?
За уметникот Филип Велковски:
Филип Велковски е македонски уметник, роден во Скопје во 1988 г., моментално живее во Глазгов каде што дипломира на Факултетот за уметности во Глазгов, магистерска програма за ликовна практика. Cвоите дела повеќепати ги има изложувано на домашна и меѓународна сцена, вклучително и во „RBA Rising Star“ (2022, Лондон), Barnes Garages (Глазгов, 2021), ЦК Јадро (Скопје, 2020), МСУ, (Скопје, 2018) и Галерија МКЦ (Скопје, 2017).
За галеријата „Пионери“:
„Пионери“е уметничка галерија во центарот на Скопје која работи и како онлајн уметничка платформа. Пионери ги обединува уметничките дела на новите ликовни и дигитални уметници од Балканот и пошироко со цел да пренесе автентични пораки од регионот преку нова уметност.Галеријата „Пионери“ се наоѓа на ул. Теодосиј Гологанов 74а, во зградата на „Хомакс“од задната страна. Работно време е од понеделник до петок од 15:00 – 19:00 и со закажување.
За повеќе информации и онлајн галерија: www.pioneri.net