Вечерва (среда) во 18 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност, ќе биде отворена изложба на свечена облека, која е дел од фондот на Народниот музеј на Црна Гора -„Европската мода на црногорскиот двор-рефлексии“.
Оваа изложба е почеток на поинтензивна културна соработка, за период до 1922 година и ќе опфати повеќе подрачја од областа на кутурата, покрај изложби, театар, литература, филм…..
Изложбата „Европската мода на црногорскиот двор-рефлексии“ содржи софистицирана облека на семејството на црногорскиот крал Никола, кроена од модни креатори во Париз, од крајот на 19 и почетокот на 20 век.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.