„Привремени места како културни простори – Културно заземање и трансформација на простори во Кавадарци “, ќе се оддржи на 6- ти октомври, четврток од 11 до 14 часот во Дом на Култура Иван Мазов – Климе.
„Привремени места како културни простори“ е дводневен настан во Кавадарци, Северна Македонија, планиран преку серија активности кои вклучуваат изложби, филмска програма, и дискурзивна програма со презентации и дискусии. Во настанот, покрај локални уметници и културни работници од Кавадарци, ќе бидат вклучени гости од Скопје, и регионални гости од Косово, Словенија и Хрватска.
Краткорочните и долгорочните цели на програмата се насочување на специфични визуелни и дискурзивни активности кон колку што е можно поразлични локални публики, продолжување на нашите разговори со претставници на локалната власт за долгорочно преземање на јавни простори, и, конечно, да поставиме еден успешен пример за слични можности во иднина.
„Привремени места како културни простори“ се реализира со поддршка од Кооператива – регионалната платформа за култура преку нивната Рег.Лаб програма.
КСП „Подиум-Јадро“ е резултат на заложбите на ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена, која од своето основање во 2012 година како непрофитна, инклузивна, партиципативна и застапувачка платформа, се стреми да го зајакне независниот културен сектор и неговото влијание врз креирањето и практикувањето на културните политики, со цел да ги поттикне процесите на демократизација вокултурата и пошироко, во општеството и во граѓанскиот сектор.
Оттаму, идејата за КСП „Подиум-Јадро“ настана од потребата за место, фокус, каде што слободно ќе се изразува урбаниот живот, современите социокултурни практики, простор што ќе создава aвтономни, самоорганизирани содржини, содржини што ќе го артикулираат нашиот урбан, интелектуален, критички и творечки капитал.
Овој модел е втемелен на партнерство помеѓу локалната власт, Општина Кавадарци, и Јадро Асоцијација и претставува суштинска децентрализација на моќта и единстевен пат кон создавање организациска и програмска автономија во дејствувањето во сферата на културата, во рамки на граѓанскиот сектор, но и пошироко.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.