Сместен во срцето на величествениот Дубровник (Ragusa — Рагуза), пред црквата на свети Влах, Орландовиот столб со векови е еден од најпрепознатливите симболи на Градот. Оваа година се обележуваат 600 години од неговото поставување во 1419-та година, кога со помош на домашниот мајстор Антун Рагузес ја изработил Bonino di Jakopo, вајар од Милано.
Старите Дубровчани овој кип го користеле на различни начини, а освен што некои несреќници завршувале на него како на столб на страмот за казнување, на неговата основа е изрезбана мерка од 51,2 см, точно како должината на Орландовиот лакт на десната рака ж, што со вековите постанал и симбол познат како „дубровачки лакт“ мерка со која се мереле ткаенините. Историјата на Столбот на Орландо се раскажува цели 6 века и постои легенда за витезот Орландо или Роландо , а во биографијата на Карло Велики опишан е како Гроф, кој на страната на франковската војска учествувал во познатата борба против Васконсците.
Но, Орландо станува симбол на средновековните вештини како витез, јунаштво и верност, заради поемата „Песна за Роланд“ од крајот на 11-ти век, во која тој витез се бори против неверниците на Сарацена. Три века подоцна Матео Мариа Бојарди ќе ја испее песната “Заљубениот Орландо“ а во 16 век Лудовико Ариостоке ќе го создаде ренесансното ремек дело „Бесен Орландо”.
Така се создавал митот за човекот чии кипови ги има низ многу градови низ Европа, поставени како симбол на економската моќ и автономија. Мислеле дека тој го избркал Сарацена на крајниот југ каде стигнува благодарение на Жигмунд Луксембуршки, хватско-унгарски владетел, на кој поставувањето на Орландовите кипови во заслужните градови ја презема од својот татко Карло IV, a патем некаде се вметнала и легендата за храбриот витез кој еднаш одамна во борбата од Локрум го бранел Дубровник од Сарацена, што воопшто не е вистина.
Ова е само една од легендите на Дубровник, градот кој дише со историја, култура и уметност, секојдневно освојувајќи илјаднии туристи кои доаѓаат да го посетат и бидат барем мал дел од Градот што секогаш блеска со убавина. Дубровник е град и пристаниште и најголема туристичка атракција во јужниот дел на Хрватска во Далмација.