Друштвото на ликовни уметници на Македонија ќе одржи годишното собрание на ДЛУМ, кое ќе во сабота (06.05.2023) во 12 часот во Домот на Армијата.
На собранието, од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, ќе бидат презентирани досегашните активности, и идните планови на здружението. Исто така според Дневниот ред, ќе се бираат и нови членови на Управен одбор, Уметнички совет и Надзорниот одбор.
Дополнителна активност е формирање и
на надворешни комисии кои ќе имаат за цел поголема активност на ДЛУМ, како на домашната така и на меѓународната ликовна сцена.
Претседател на ДЛУМ е Проф.д-р Јана Манева-Чупоска.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.