„Чет’рсе“ во Штип се славеше на сите страни

“Чет’рсе”, e уникатен и вековен обичај во Штип, кој се практикува на верскиот празник „Свети 40 маченици“ на 22 март. Впишан во списокот на нематеријално културно наследство на човештвото во 2013 година.
Националната комисија на УНЕСКО на тој датум го одбележа воведувањето на првото добро од Македонија на репрезентативната листа на светското нематеријално културно наследство на УНЕСКО – ритуалот „Чет’рсе”.
Се работи за уникатен и вековен обичај во Штип, кој се практикува на верскиот празник Свети 40 Маченици на 22 март, кога луѓе од сите генерации го искачуваат стрмниот Исар, попат се поздравуваат со најмалку 40 луѓе. Младите собираат и 40 камчиња, 39 ги фрлаат во реката Брегалница, а едно оставаат под перница зашто, според верувањето, ќе го сонат животниот сопатник.
По тој повод во Штип секоја година се одржуваат бројни манифестации.
Вчера, 22.03.2023 година, се одржаа неколку настани, меѓу кои познатата поетската манифестација “Чет’рсе” во Домот на Младите, каде вечерта се случуваше и рок концерт.
Но, на пладне имаше и убава рок свирка во центарот на градот, поточно пред Домот на културата “Ацо Шопов”, каде на самото место регистриравме одлична празнична атмосфера.

Валентина Ѓоргиевска Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.