Во Музеј на Р.С. Македонија, изложба: „Богородица мост помеѓу небото и земјата“

На 5 декември 2024 година во Музејот на Р.С Македонија, со почеток во 18:30 часот ќе биде отворена изложбата „Богородица мост помеѓу небото и земјата“.

Иконите и фреските што се претставени на изложбата се само мал дел од многуте предмети од богатите колекции на Музејот.

Во дел од збирките на Музејот се наоѓаат икони и фрескокопии од целата територија на Македонија, коишто претставуваат важен дел од уметничкото богатство. Тие не се само уметнички дела, туку и духовни симболи коишто верниците ги користат за да се поврзат со божественото. Ликот на Богородица, како заштитничка и мајка, нуди утеха и надеж, а тоа ја прави една од најчестите фигури во христијанската уметност, бидејќи нејзиниот живот на земјата бил исполнет со морална чистота, светост и со добри дела. Преку нејзиното девствено зачнување на Спасителот, таа е мостот помеѓу небото и земјата. Низ вековите се развиле мноубројни теми и циклуси поврзани за нејзниот лик и дело, произлезени од старозаветните книги.

Автори на концепцијата за изложбата се Марија Петковска и м-р Татјана Трајковиќ, кустоси во Музејот.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.