Блесокот на Марија Чепишева!

Exif_JPEG_420
Во Галеријата на МКЦ, во присуство на бројни посетители, вечерва, 28 април 2023 година беше свечено отворена изложба на академската сликарка Марија Чепишева, која преку неколку десетици графики го прикажа својот креативен авторски сјај.
Станува збор за исклучителна креативна уметница, поранешна позната новинарка на “Екран”, која се истакнува со целосно позитивни и создавачки карактеристики на повеќе полиња.
Да потсетиме на нејзината биографија: Марија Чепишева, родена Лазаревска, е родена на 17.06.1975 година во Скопје. Завршила средно уметничко во ДСУЛУД Лазар Личеновки, Скопје во 1993 година, на отсекот графика и графички техники, под менторство на професор Ѓорѓи Чулаковски- Џото и професор Илинка Глигорова.
– 1999 година, завршена Ликовна Акдемија во Скопје, во класата на професор Димитар Малиданов (графика) и (графички дизајн) професор Костадин Танчев – Динка.
-март 2022 година Запишани постдилломски студии на Факултет за ликовни уметности – Скопје, под менторство на академик проф д-р Фехим Хусковиќ.
*Член на ДЛУМ од 1999 година
*Добитничка на големата графичка награда на ДЛУМ во 1999 година
*Отлупна награда на Библиотеката Климент Охридски во 1999 година
Учество на голем број изложби во земјата и странство.
Последни учества на изложби:
-2022- III Convocatoria Internacional de Arte Postal -DE CORAZÓN / III International Mail Art Call – FROM THE HEART
-2022- Самостојна изложба на Факултет за ликовни уметности, Скопје
-2023- Поместени граници- организирано од ДЛУМ во Дом на АРМ
-2023- The International Mail Art Call- DEJANDO HUELLA – LEAVING A MARK

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.