„Амбасадор на мирот“, Хајруш Фазлиу во Чифте амам

Самостојна изложба „Слика во Фокус“ 9 мај, 2023, 19 часот
 
Хајруш Фазлиу, со децении останува неприкосновен на уметничката сцена во Косово, но и пошироко на албанската уметничка сцена. Овој сликар, покрај тоа што е докажан творец, се одликува и како вреден универзитетски професор и методолог, кој е одликуван со низа награди и признанија за неговите уметнички и професионални достигнувања. Меѓу нив треба да се издвои признанието „Амбасадор на мирот“ што неодамна му беше доделено во Рим, Италија, што го направи овој творец познат и во меѓународни рамки.
Од оваа гледна точка, јасно е дека овој сликар ја доживува уметноста од длабочината на душата и ја отсликува со силна живост прикажана со оригинален творечки израз. Самите наслови на делата: „Овална слика“, „Од ѕидот“, „Актови“, „Дардански профили“, „Во фокус“, „Загриженост“ и многу други, изгледаат како да се потчинети на широка општествена хронолошка и културолошка кохезија, преполнети со разни животни моменти наталожени врз (под)свеста на Хајруш Фазлиу. Значи, насловите на овие дела звучат усогласено спроти нивната содржина и форма, но стануваат и пренесувачи на естетските принципи на неговото творештвото.
Хајруш Фазлиу во неговите творби го комбинира традиционалниот експресионизам (кој од време на време добива и неофигурални облици) со ирационалната фантазија на надреализмот, но зачувувајќи ја засекогаш асоцијативната алузивна, апстрактна врска на формален и стилски  поглед.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.