Претседателот на Друштвото на Ликовни Уметници на Македонија, Филип Фидановски, вечерва во Мала Станица- Национална Галерија, официјално ја отвори изложбата која е во рамките на прославата на 75 годишниот јубилеј од создавањето на Друштвото.
Оваа изложба е всушност проширување на излобата која синоќа во Чифте Амам ја отвори Претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Со оглед на тоа што станува збор за иста изложба, но со прилично голема бројка од 292 дела од македонски уметници, кои се распослани во овие два изложбени галерии, уметнички слики и таписерии, неизбежно беше да се изложат на две места. Публиката ќе може да ги разгледа до 12.12.2021 година, воедно и да купи од изложените каталози на ликовни уметници, но и на Друштвото, по цена од 300 денари.
Прославата на јубилејот ќе има уште една, трета изложба, како што не информира Фидановски.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.