Во рамки на 40-тото издание на Скопско лето, во соработка на Амбасадата на Шпанија а по повод 25 години билатерална соработка со Република Македонија, како и повеќе институции вклучени во овој проект, на 5-ти јули (петок) во 20 часот ќе биде отворена атрактивната изложба на фотографии „Откријте го сефард“.
На изложбата ќе бидат изложени 20 -тина фотографии, а ќе биде поставена во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија.
Сите заинтересирани изложбата ќе може да ја посетат до 19-ти јули.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.