Утре, 26 ноември (петок), во Собранието на Р. Северна Македонија, ќе се одржи регионалната конференција на тема ,,Подобрување на дијалогот меѓу парламентите и новинарите од Западен Балкан” која е во организација на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) со поддршка и во соработка со Собранието на Република Северна Македонија, на која ќе има високи претставници од параламентите од Црна Гора, Р.Србија и Р. Босна и Херцеговина.
На настанот изјави ќе дадат претседателот на Собранието на Р.Северна Македонија, Талат Џафери и претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, а ќе биде потпишана и декларација за унапредување на дијалогот меѓу парламентите и новинарските здруженија од Западен Балкан
Прес конференцијата за медиуми е закажана во 13.30 часот во Кристална сала.