Во Универзитетот „Св. Апостол Павле“- дебата за 8. Март

Со дебатата „УИНТ и 8. Март“, Универзитетот „Св. Апостол Павле“, го одбележа 8. Март. Учесниците на дебатата проректорката проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска, проф. д-р Јованка Дамоска Секулоска, проф. д-р Анета Велкоска, проф. д-р Дијана Цапеска Богатиноска како и студентките Ана Алексова и Рахела Бушиноска зборуваа за жените кои ги инспирирале, позицијата и улогата на жените во дигиталното општество.
Дебатата беше модерирана од доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, а во дебатата активно се вклучија и присутните.
Беа истакнати предностите за присуството на жените во информатичките науки и технологии, но беа дискутирани и разликите во стапките на учество на жените и мажите на пазарот на труд.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.