Во Лешок вчера се одржа манифестацијата “Пишемо и стварамо на српском језику”, по деветти пат, во организација на духовно културен центар “Кирил Пејчиновиќ” од Лешок и Здружението на Срби и Македонци “Бранко Чајка” од Тетово.
Вредни ученици од неколку основни училишта од Тетово, Скопска Црна Гора, и Куманово читаа детска поезија од познати српски автори, но и своја.
За нив импресивно шоу одржа познатиот српски детски поет и шоумен Срѓан Живковиќ Сича од Белград, додека познатиот писател Стојан Арсиќ, истакнат професор од Скопје, читаше стихови кои тој ги напишал за деца, во една од своите 17 објавени книги.
Децата и наставниците се дружеа и во ресторанот во кругот на ова свето место.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.