За младинските политики, издвоени 268.000 денари Советот на Општина Гевгелија на својата 22. седница ја усвои Програмата за работа на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија во 2023 година. Во Програмата се предвидени активности за подобрување на статусот на младите во Општина Гевгелија на возраст од 15 до 29 години, креирани согласно
тематските области за младински политики и младинско учество во Националната стратегија на млади (2016-2025) година, а прилагодени на потребите на младите на локално ниво.
Програмата ги опфаќа следниве тематски области: младинско учество, младинско информирање, образование, поддршка пред вработување и вработување, култура, спорт и
квалитет на живот, со постигање на следниве цели: обезбедување ресурси за имплементација на младински политики и механизми за младинско учество на локално ниво, младите имаат заемна и зајакната соработка со институциите организациите, достапност до информации од интерес на младите, надминување на невработеноста, збогатување на културно- забавниот и спортскиот живот преку креирање и спроведување културни и спортски политики и придонес во зачувувањето на животната средина.
Активностите ќе се реализираат со средства од општинскиот буџет за 2023 година, во вкупен износ од 268.000 денари.
Гевгелија издвои пари за младите
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.