Викимедија со нова средба со наставниците

214

Проектот „Викиексперименти“ веќе деветта година успешно се реализира во соработка со научните институции во Македонија. Уште од почетокот на овој проект, односно од 2015 година, Викиескперименти создава видеозаписи од научни екперименти од различна област во тесна соработка со професори од научни институти и факултети од земјава.

Како и секогаш, Викимедија МКД се стреми да ја информира целата нејзина заедница за активностите и проектите кои се завршени, за да сите бидат во тек со настаните и активностите на Викимедија МКД!

Најновата конференција за наставници се одржа овој месец, на 9 јули 2024 година во ООУ „Страшо Пинџур” во Скопје. Оваа конференција беше посетена од 15 учесници, наставен кадар на училиштето.

Конференцијата помина во пријатна и работна атмосфера. Учесниците беа заинтересирани за начинот на работа на Википедија, но и можностите кои постојат за употреба на енциклопедијата како еден од наставните средства во образовниот процес во Македонија. Направени беа вкупно 15 нови кориснички имиња и напишани 5 нови статии.

Пред тоа Викимедија одржа и други конфренции. Да наброиме некои од нив:

ВИКИЕКСПЕРИМЕНТИ

Како и минатата година, така и оваа година Викимедија МКД продолжува со добрата соработка со Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Па така на 30 мај беа снимени хемиските експерименти од различна прирорда. Ова беше втор пат годинава да снимаме експерименти со институтот за хемија, првиот пат снимавме експерименти на 15 февруари. Видеозаписите од експериментите може да се употребуваат за образовни цели од различни возрасти, студенти, но и од љубители на хемијата кои сакаат да ја проучат подлабоко оваа природна наука.

ВИКИЕКСПЕДИЦИЈА ШТИП

Викиекспедиција се одржа во периодот од 26 до 28 април 2024 година. Штипската околина, со своите преубави села, природни убавини и историско- културни споменици беше мета на нашите истражувачи кои собраа голем број податоци, фотографии и видео записи. Тимот беше составен од пет члена, Википедијанци и членови на Викимедија МКД. Експедицијата, како и минатите, беше продуктивна и голем број материјали беа собрани за селата од овој регион. Со посетени 30 села, 2 историски села и поминати 600 километри пат, тимот детално и сеопфатно открива на нашата заедница уште едно парче убавина и историско- културна целина на Македонија.

Исто така беше остварено партнерство за соработка на 4 јуни 2024 година со потпишувањето на Меморандумот за соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Соработката е наочена кон публикување на слободни и проверени содржини на Википедија, како и промовирање на слободен пристап на податоци.

Уредувачка седмица: „Право на домување“

Од 3 јуни до 9 јуни 2024 година се одржуваше и уредувачката седмица на тема „Право на домување“. Потфатот беше дел од меѓународната иницијатива „Вики за човековите права 2024“.Уредувачката седмица заврши успешно и, така, Википедија на македонски јазик се стекна со 195 нови статии поврзани со „правото на домување“ создадени од 11 различни корисници на Википедија на македонски јазик.

 

Работилница за климатски промени

Во рамките на ГЛАМ Програмата на ден 26.6.2024 година (среда) членовите на Вики клуб Охрид одржаа работилница на тема Климатски промени. Работилницата се одржа во просториите на селското домаќинство „Пирустија Неданоски“ во село Рамне, Охрид.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.