Францускиот институт во Скопје во среда 15 декември 2021 година, од 10 до 18 часот, ќе одржи витруелен Саем за студии во Франција.
Саемот претставува неизоставен настан за средба на македонските средношколци, студенти, универзитетски професори, кои сакаат да го продолжат своето високо образование во Франција, или пак да остварат универзитетска соработка.
Ова е одлична можност да се добијат сите потребни информации за понудата на студиски програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, како и информации за сите аспекти на студентскиот живот во Франција.
За да се следи саемот, потребна е претходна регистрација на следниот линк: https://mk.studyinfrancevirtualfairbalkans.com/mk/
На истатата платформа ќе се одржува и
настанот. Настанот се одржува во организација на Францускиот институт во Скопје и француската агенција за високо образование Кампус Франс.
За сите подетални информации- Сузана Пешиќ, одговорна за студии во Франција, 02 129 288,
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.