На сајтот на Факултетот за музичка уметност објавени се видеата на студентите од балетска педагогија во чест на 55 години ФМУ. Настапуваат
Мартина Димовска, Виолета Карајанова, Драгана Илиевска, Оља Тошиќ, Матеа Каревски, Теодора Авросиевска и Катерина Здравковска од класите на проф. Соња Здравкова-Џепароска, проф. Искра Шукарова и Бобан Ковачевски. Како уметнички соработници се јавуваат Димитар Поп Алексов на пијано и балетскиот уметник Balázs Lőcsei.
Во спотот „Интеракција“ е направен спој на современ балет и ставови од „Младинскиот албум“ за пијано на композиторот Властимир Николовски.
Изведбата на пијано е на Даниел Петрески од класата на проф. Марија Ѓошевска. Кореографијата и видеото се изработени од проф. Искра Шукарова
и студентите Теодора Авросиевска и Катерина Здравковска.
Сите видеа може да се проследат на следниот линк:
Во рамките на одбележувањето на 55 години од своето основање Факултетот за музичка уметност продолжува со циклусот НАУЧНИ СРЕДИ со предавањето на проф. д-р Соња Здравкова-Џепароска на тема „Едукацијата како клучен
фактор за квалитетна балетска продукција“. Заради неработниот ден среда предавањето е поместено на 9 декември (четврток) и ќе се одржа на
платформата zoom со почеток во 19 часот.
Сите заинтересирани можат да најдат повеќе информации за вклучувањето
преку сајтот на ФМУ www.fmu.ukim.edu.mk
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.