Учениците од СОУ „Орде Чопела“-Прилеп: Џанер Фејзоски, Тамара Ковилоска, Сара Рајчиноска, Филип Гически и Андреа Гагалеска под раководство на нивниот професор Ѓорѓија Гагалески во месец мај 2022 година во хотел Дрим, Струга учествуваа на работилница-натпревар за финасирање на социјални иновации кои се базираат на решавање на потребите на средните училишта и локалната заедница во делот на климатските промени и заштитата на животната средина.
На работилницата учествуваа 10 средношколски тима од државата кои со помош на своите ментори ги развиваа своите решенија и ги презентираа пред стручно жири кое беше составено од по еден претставник: од ФИТР на Р.С. Македонија, здружението LEAD (Leaders for Education, Activism and Development) и претставник од UPSHIFT.
Тимот од С.О.У Орде Чопела – Прилеп со својот предлог проект „Систем за собирање на дождовница за наводнување на училишниот мини овоштарник“ беше прогласен за еден од петте победници и доби 120 000 денари за реализација на своето решение за проблемот со недостиг на вода.
Имено училиштето поседува овоштарник за практична настава кој е запуштен поради немањето соодветен систем за наводнување. Идејата на учениците беше да се собира и искористува дождовницата за наводнување на училишниот овоштарник со помош на систем „капка по капка“, а плодовите од овоштарникот да се искористат во училишната лабараторија и пекара.
-5 тима беа прогласени за победници:
СУГС Браќа Миладиновци-Скопје ќе работи на намалување на потрошувачката на питка вода преку возобновување на училишниот бунар.
Соу Орде Чопела Прилеп и СУГС “Владо Тасевски”-ПТТ-Скопје ќе работат на собирање и искористување на дождовницата за полевање на сопствените насади во дворовите.
ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес ќе работи на спречување на губитоците на вода во градскиот водовод во Велес преку инсталација на сензори во водоводните цевки.
@ОСЕУ „8 Септември“-Тетово ќе работи на прочистување на водата за пиење во нивното училиште преку поставување на филтри.
Успешни и иновативни еколошки проекти
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.