Почетна ОБРАЗОВАНИЕ ОСНОВНО И СРЕДНО Годинава му почна со паричка-Ташко Каранфиловски најсреќен на колегиумот

Годинава му почна со паричка-Ташко Каранфиловски најсреќен на колегиумот

13.01.2025

 

Минатата година оствари мегахит на фестивалот “Тумба фест 2024”, “Неста ресенска”, кој освен што ја освои публиката и медиумите, стана и најгласана песна на топ листата, што се спроведуваше во изминативе четири месеци- број еден.

Годинава најавува дека подготвува исто така нов голем, мегахит, а дека желбата ќе му се исполни да веруваме и според народниот македонски обичај, кој вели- кому ќе му падне во раце паричето за Василица, тој ќе е и најсреќен во текот на целата година.

Ова е стар ресенски обичај- за Василица да се подготви пита- зелник со паричка која се дели на сите членови во семејството, или во колективот, а најсреќниот во својот дел од питата ќе ја пронајде и паричката.

Обичајот денеска беше изведен и во ресенската гимназија “Цар Самоил”, каде најсреќен беше токму фолк ѕвездата Ташко Каранфиловски, воедно и професор по правни науки.

Тој е среќникот меѓу колегите во чии раце заврши паричката за среќа… Тој и неговата колешка се добитници помеѓу колегите, кои секоја година ја организираат оваа прекрасна традиција, со цел на учениците да им покажат пример дека она што претците го оставиле како аманет важно е да се почитува и да продолжува.

Гимназиите отсекогаш имале значајна улога во развојот на една земја, пред сé во подготвувањето на младите генерации во стручни и научни кадри, а “Цар Самоил” се смета за една од најдобрите гимназии во нашата држава.

 

 

Според историјатот, првите почетоци на училиштето се во училишната зграда во ОУ. “Гоце Делчев” на улица Мите Трпевски бр. 42 во централното градско подрачје. Името под кое работеше гимназијата беше “Стив Наумов”. Објектот е изграден од цврст материјал во 1957 година. Тоа е објект составен од приземје и два ката.

Од учебната 1978/79 година Училишниот центар за стручно образование на земјоделски кадри се интегрира со Гимназијата во Ресен, во Центар за средно образование „Јосип Броз Тито” со гимназиски и лозаро- овоштарски паралелки.

Со интеграцијата, која се реализира во 1978 година, училишната зграда, економијата и дел од механизацијата, сопственост на Центарот, беа префрлени како основни средства на „Агроплод”. Новата воспитно- образовна институција училишниот центар „Јосип Броз Тито” доби нови простории- бившата касарна, која за таа цел беше адаптирана за изведување на воспитно- образовниот процес. За изведување на практичната настава, Центарот доби и нова економија околу училишната зграда.

Денес е сместен во прекрасно здание со квалитетна градба, од некои минати времиња.

Од различни причини училиштето го менува своето име:

 

– Од 1958-1962 година „Јосиф Јосифовски Свештарот”- средно образование и земјоделско училиште

 

– Од 1977 -1992 година Средно земјоделско училиште се спои со гимназијата под името „Јосип Броз Тито”

 

– од 1997година cо Статутарна одлука се вршат измени и дополнувања во Статутот на училишниот центар за средно образование „Јосип Броз Тито” – Ресен бр.01-611 од 29.10.1977 година.

 

Името на Училишниот центар за средно образование „Јосип Броз Тито” се менува и почнувајќи од 01.12.1993 година гласи: Училишен Центар за Средно Образование „Цар Самоил” – Ресен, со што Цар Самоил станува и патрон на училиштето.

Валентина Ѓоргиевска Парго 

 

 

metropolis-big