СУГС “Димитар Влахов” на Моден викенд Скопје

27.10.2024
Учениците од Средното училиште на Град Скопје „Димитар Влахов” повторно дел од 29. издание на Моден викенд Скопје.
Настан каде модата и културата се спојуваат во еден непрекинат тек на креативност и иновација е токму 29. издание на Моден викенд Скопје, кое се одржува деновиве.
Многу креативна енергија, инспирација, мистични креации надополнети со совршена комбинација на шминка и фризура изработени од вредните раце на учениците од Средното Училиште на Град Скопје “Димитар Влахов” беа вистинско уживање за присутната публика во културниот центар “Лабораториум”.
Предизвикот за овие ученици беше уште поголем бидејќи токму на првата вечер на овој моден настан тие беа дел од ревијата под наслов „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации”. Тоа не беше обична ревија, беше една несекојдневна ревија организирана со поддршка на Амбасадата на Република Словенија, а моделите ги носеа познати јавни личности од јавниот живот. Овие млади луѓе, ученици средношколци од Димитар Влахов, уште еднаш покажаа одговорност, дисциплина, креативност, енергија, ентузијазам и застанаа зад сцената на годинешниот моден викенд во Скопје. Тие се нашата иднина која треба да ја изградиме во здраво и општествено одговорни личности.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.