Сојуз на просветни работници – Сеќавање во чест на плодната просветителска дејност на проф. Ленка Гогоска

Сојузот на просветните работници на Р С Македонија, на ден 12.03.2025 година (среда) организира постхумна средба, во спомен и почит кон просветителското-педагошкото дело на проф Ленка Гогоска (Попоска) со наслов

„65 години просветителска и хуманитарна дејност“

На средбата ќе зборуваат членови а Сојузот, професори, студенти на професорката, новинари  и претставник од Агенцијата за иселеници. Ќе биде прикажан дел од документарниот филм “Творештво поврзано со семејни вредности“ (2007).

Ленка Гогоска (Попоска) во својот професионален живот го изоде ​​патот на образованието од училиште, наставник , советник во Заводот за училиште на град Скопје, професор на факултет до пензионирање, на Педагошкиот факултет „Св Климент Охридски“ од Скопје. После пензионирањето со несмален интензитет, работеше на учебничката и публицистичка дејност, создавајќи дела кои се и паметниците и патоказите за најзначајниот дел од општествениот раст а тоа е образованието и воспитанието.

Како завет што го исполни семејството во октомври 2024 година, беше доделена донација од 3000 книги, за сите македонски училишта , библиотеки и Црковни општини во светот, со поддршка на Агенцијата за иселеници.

Нејзината мисла која ја зборуваше секогаш беше: “Да се ​​говори и создава на нашиот мајчин македонски јазик е привилегија, но да има таа можност да се образуваат генерации, е Божји благослов“.

Средбата ќе се одржи во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, со почеток од 18 часот. Водител на настанот ќе биде артистката Снежна Конеска.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.