Сеќавање на професор д-р Методи Чепреганов

27
Професор д-р Методи Чепреганов (Штип, 1936 – Скопје, 9 јули 2022)- македонски лекар, специјалист во областа на невропсихијатрија и епилептологија.
Образование
1962 година Медицински факултет- Скопје;
1968 година Специјализација по невропсихијатрија на Медицински факултет- Скопје;
1972- 1973 година Постдипломски субспецијалистички студии во Белгија во Клиниката за Електроенцефалографија;
1974- 1975 година Специјалистички студии по Клиничка електроенцефалографија во лабораторија и епилептологија LENA во Париз, Франција;
1978 година стручно доусовршување за компјутерска томографија во Белгија и Англија;
1994- 1996 година Субспецијализација по анатамна морфологија (компјутерска томографија и магнетна резонанца);
Работно искуство
Од 1969 година работел на Клиниката за нервни и душевни болести при Медицински факултет во Скопје. Повеќе од 25 години учествувал во наставата како професор, одржувајќи предавања од областа на: Неврологијата и психијатрија со медицинска психологија на студентите на Медицинскиот факултет – Скопје;
Од 2006 година работел во Болницата Невромедика во Скопје, пишува на Википедија.
Научно и професионално достигнување:
Учествувал на бројни европски и светски конгреси, а објавил и над 260 научни трудови и 130 монографии од областа на Неврологијата и епилептологијата меѓу кои позначајни се:
Imagerie des épilepsies, Paris 1996;
Neuro-imagerie diagnostique-Epilepsies Paris, 2006;
Neuro-imagerie diagnostique-Еpilepsies Paris, 2007;
Neuro-imagerie diagnostique-Epilepsies Paris, 2012.
Признанија и оставштина
Методи Чепреганов како невропсихијатар- епилептолог беше во самиот врв на македонската медицинска наука. Членувал во Европска асоцијација за клиничка неврофизиологија и епилептологија за земјите од Француско говорно подрачје и во Невролошка асоцијација на Франција. Награден е со орденот „Palmes Academiques“ од страна на претседателот на француската влада, во име на Министерството за наука.
2022- Награда „11 Октомври“ за животно дело од областа на науката (постхумно).
-Беше и спортист кој четири години беше претседател на “Скијачки Сојуз на Југославија” и поборник за развој на ски центарот “Заре Лазаревски” – Маврово,
Музичар – гитарист кој свиреше македонска староградска и забавна музика, џез во стилот на Џанго Рајнхард , традиционални трчки и турски мотиви , сиртаки и зембекико на инструментот “бузуки” …
Директор на “Универзитетската клиника за неврологија и неуропсихијатрија” ,
Доктор дијагностичар кој до последен животен миг работеше со пациенти со најконкретен допринос по нивното здравје ….
Често медиумски застапен како урбан херој и влијателна личност, ќе запише музичарот Петар Ренџов.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.