Францускиот институт во Скопје, во соработка со Француската алијанса во Битола, АЛДА Скопје, Програмата за мир на регионот Нормандија и Правниот факултет во Битола, организира еднодневна научна конференција насловена „Историја, уметност,
колективна меморија и помирување“, која ќе се одржи в петок, 12 ноември 2021, во Конференциската сала на Универзитетската библиотека Свети
Климент Охридски“ – Битола.
Настанот се организира со физичко присуство, но поради здравствените мерки, бројот на присутни гости во салата ќе биде ограничен на 30 лица.
Семинарот ќе може да се следи и онлајн преку платформата Зум, а за да се добие
линк на Zoom со цел следење на конференцијата, потребна е регистрација на следниот мејл [email protected].
Учесници на научната конференција се експерти од земјава, од регионот и од Франција. Дел од француските панелисти е и реномираниот француски писател Оливие Гез, којшто во 2017 година ја доби значајната книжевна награда Ренодо за романот „Исчезнувањето на Јозеф Менгеле“.
Настанот ќе го отворат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција, Н.Е.
г-ѓа Анке Холштајн, амбасадорка на Германија, и г-ѓа Катица Јанева, директорка на АЛДА, а за истиот е обезбеден и симултан превод.
Во рамките на средбата, на 11 и 12 ноември, во киното „Браќа Манаки“ во Битола, ќе бидат прикажани два документарни филма на Роберт Јанкулоски, реномиран македонски уметник и професор по фотографија на Универзитетот „Еуропа
Прима“, насловени „Сеќавање“ и „Манаки, приказна во слики“.
Се подготвува научна конференција „Историја, уметност, колективна меморија и помирување“,
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.