RYCO со настан „Запознај ги Суперучилишта“

Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), на ден 26.1.2023 (четврток) со почеток во 12 часот во хотел „Панорамика“, ќе го отвори официјално почетокот на вториот циклус на програмата „Суперучилишта“.
Поздравни говори на настанот ќе имаат г-дин Јетон Шаќири, министер за образование и наука на Северна Македонија, г-дин Наумче Мојсовски, директор на Агенција за млади и спорт на Северна Македонија, Н.Е. Г-дин Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Н.Е. Г-дин Ото Граф, Заменик Амбасадор на Сојузна Република Германија во Северна Македонија и г-дин Владимир Ѓорѓевски, раководител на локалната канцеларија во Северна Македонија.
Присутни гости ќе бидат професорите и наставниците од училиштата кои се грантирани во овој циклус.

*За програмата „Суперучилишта”

Суперучилишта е програма на RYCO за училишна размена во регионот со цел да се поддржи процесот на градење мир и помирување и интеркултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници. Програмата е дел од мултидонаторскиот проект „Програма за размена на училишта во Западен Балкан“ кофинансиран од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.