Учениците од Чашка подготвуваат театарска претстава

Во Основното училиште „Тодор Јанев“ во Населба Чашка се подготвува претставата „Печалбари“ во чест на патрониот празник на училиштето кој ќе се одржи во четврток, на 25 април 2024 година.
Во претставата учествуваат повеќе од дваесет ученици.
Насловот на претставата се врзува со „белата чума“ на иселување и денес на македонецот или проклетијата на нашиот народ, се вели во сценариото.
Се размислува и за гостување со претставата кај наши иселеници, кои заслужуваат да ја видат оваа претстава, подготвена од вредните дечиња од Чашка.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.