Промовирано второто “Полжавче” и избрани најдобрите творби на конкурсот

28/12/2021

Минатата седмица на платформата ZOOM беше претставено второто издание на списанието за училишни активности на организацијата Слоу Фуд Македонија. Области на интересирање и дејствување на Слоу Фуд Македонија се земјоделството и храната, па истите области во списанието „Полжавче“ се претставени на таков начин кој е близок за децата, и има цел да поттикнува на знаење, креативност и размсилување.

Тема во фокусот на овој број е почвата како еден од основните фактори за земјоделско производство, поточно фактор без кој не може да се произведе квалитетна храна која ќе ги храни животните и човекот.

Во списанието ќе ги сретнете известувањата за активностите на дваесет училишта од Македонија кои се вклучени во проетот на Слоу Фуд Македонија, Слоу Фуд Училишни градини. Вкупно дваесет училишта се влучени во оваа програма и имаат или се во процес на создавање на градини во своите училишни дворови. Исто така застапени се и актвиности од програмите Сензорна едукација и Слоу Фуд во училишната кујна, има брзи и лесни рецепти што можат да ги подготват децата, потоа игри, лавиринти, наградени песнички, цртежи и фотографии од распишанот конкурс на списанието. Исто така одбележана е и Меѓународната година на овошјето и зеленчукот со едукативен текст на Биљана Митреска, магистер по квалитет на храна. Со поезија инспирирана од природата, од градианрството и од земјата, одбележана е и стогодишнината од раѓањето на великанот Блаже Конески. Објавен е и разговор со Павел Милановски добитник на награда за дигитален цртеж од Светската организација за храна-ФАО, чиј лик се наоѓа на насловната страница на списанието.

На страниците се вклучени и занимливости за киселоста на почвата, за солените почви во Овче поле како и за богатството на почвени типови на Македонија оддавајќи му должна почит на академик Ѓорѓи Филиповски, основоположник на науката за почвите во Македонија.

Списанието завршува со повик за активно вклучување на децата читатели во креирањето на содржините од програмата за Слоу Фуд Училишните градини.

Иако промотивниот настан се одржа он-лајн,можеше да се почувствува добрата вибрација, ентузијазмот и љубовта на сите кои беа дел од оваа дружба.

Ова издание на „Полжавче“, списание за училишните активности на Слоу Фуд Македонија е реализирано во рамки на проектот „Зелен полигон за едукација, алатка за јакнење на еколошката свест“ кој го реализира Слоу Фуд Водно, Скопје финансиски поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмата за инвестирање во животната средина за 2021 година.

Списанието е достапно онлајн тука.

Илустрација: „Жители на почвата“, автор Владимир Здравески, академски сликар.

Инаку, повикот за песни, цртежи и фотографии списанието „Полжавче“ го објави во првиот број на списанието, објавен во декември 2020 година. Освен во печатеното издание, конкурсот во јуни беше обајвен и на официјалната веб страница на Слоу Фуд Македонија и на страниците на социјалните мрежи, но и во дневниот печат. Конкурсот беше затворен на 15 септември, а на него пристигнаа триесет и седум песни, триесет и еден цртеж и седумнаесет фотографии од ученици од трето до деветто одделение од основните училишта во Македонија, со тоа што право на учество имаа сите училишта без разлика дали се дел од проектот Слоу Фуд Училишни градини.
Поетесата Вера Андон одлучуваше за најдобрите песни, академскиот сликар Владимир Здравески одлучуваше за најдобрите цртежи, а фотографот и графички дизајнер Горан Трсунов ги избра најдобрите фотографии.
Сите наградени творби се објавени во печатеното издание на вториот број на списанието „Полжавче“ чија промоција се случи на 22 декември на платформата Zoom.
Исто така наградените твроби се поместени и во електронското издание на „Полжавче“ бр.2.
Сите наградени ученици и ментори ќе добијат дипломи и печатени примероци од „Полжавче“ бр.2

РЕЗУЛТАТИ ОД ОБЈАВЕНИОТ КОНКУРС:

1.Ликовен конкурс

1.1.Категорија: трето, четврто и петто одделение

Прва награда:

Миа Цветковска, V-в оделение

OOУ „Кирил Пејчиновиќ“ -Општина Кисела Вода

ментор: Елена Јовановска Бендовска

Втора награда:

Maрија Величковска V-2 одделение

ООУ “Кирил и Методиј”, с.Стајковци, Скопје

ментор: Елена Антонова

Трета награда:

Бисера Секулоска III-1 oдделение

ООУ „Кире Гаврилоски Јане“, Прилеп

ментор: Даниела Јораданоска

1.2. Категорија: шесто и седмо одделение

Прва награда:

Марија Трајаноска VI-3 одделение

ООУ „Кире Гаврилоски Јане“, Прилеп

Втора награда:

Каролина Кузмановска VII-2 oдделение

ООУ “Коста Рацин”, с.Брвеница, Општина Брвеница

ментор: Лина Тренкоска

Трета награда:

Јана Танчевска VII3 одделение

ООУ “Св.Климент Охридски”, Битола

ментор: Димитар Димитров

1.3. Категорија осмо и деветто одделние

Прва награда:

Teoна Ѓерасимовска 8-1 одделение

ООУ “7 Марси” с.Челопек, Општина Брвеница

ментор: Лина Тренкоска

Втора награда:

Сања Јовановска

ООУ “7 Марси” с.Челопек, Општина Брвеница

ментор: Лина Тренкоска

Трета награда:

Mиа Димевска IX oдделение

ООУ „Даме Груев“, Битола

2.Литературен конкурс

2.1.Категорија: трето, четврто и петто одделение

Прва награда:

„Овошје и зеленчук“

Ања Милеска, IV-г одделение

ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп

ментор: Елизабета Трајкоска

Втора награда:

„Градина“

Хана Мечева IV-3 одделение

ООУ „Блаже Конески“, Прилеп

ментор: Весна Арсиќ

Трета награда:

„Овошната градина на дедо“

Александар Кироски IV одделение

ООУ „Гоце Делчев“-Тетово

ментор: Соња Трифуновска

2.2. Категорија: шесто и седмо одделение

Прва награда:

„Полжавче“

Исак Стојков, VI одделение

ООУ „Кире Гаврилоски Јане“, Прилеп

ментор: Eлена С. Караџоска

Втора награда:

„Слатки шумски плодови“

Илина Шукуроска, VI одделение

ООУ „Кире Гаврилоски Јане“, Прилеп

ментор: Eлена С. Кaраџоска

Трета награда:

„Градината на мама“

Наила Емчоска, VII одделение

ООУ,,Јунус Емре“ с.Лисичани, о.Пласница

ментор: Билјана Софронијевска

2.3. Категорија осмо и деветто одделние

Прва награда:

„Град на проколнатите“

Марија Јовеска VIII – 4 одделение

ОOУ „Климент Охридски“ , Прилеп,

ментор: Наташа Милеска Михајлоска

Втора награда:

„Јаболче мое мило“

Лаура Кајџаноска, VIII-4 одделение

ООУ „Климент Охридски“, Прилеп

ментор: Наташа Милеска Михајлоска

Трета награда:

„Брканица-турканица“

Бојана Илиева 8 одделение

ООУ „Страшо Пинџур“ с. Соколарци, Општина Чешиново-Облешево

ментор:Тодорка Стоименова

3.Конкурс за фотографија:

3.1.Категорија: трето, четврто и петто одделение

Прва награда:

Тале Мицелинов – V одделение

OОУ „Васил Главинов“ објект 2, Велес

ментор: Лила Арсова

Втора награда:

Евгенија Илиева – V-3 одделение

ООУ„Тошо Велков-Пепето“, Кавадарци

ментор: Зорица Милкова

Трета награда:

Кристина Стојческа – IV одделение

ООУ „Гоце Делчев“, Тетово

ментор: Соња Трифуновска

Творба на статијата:

Марија Трајаноска VI-3 одд. ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ – Прилеп

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.