радоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, вчера, 6 октомври, оствари работна средба со францускиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Сирил Бомгартнер во фокус на образованието и изучувањето на францускиот јазик и култура во училиштата во општина Гевгелија. Покрај тоа, стана збор и за актуелната политичка состојба во Македонија, како и за процесот на пристапување и приближување на Македонија кон Европската Унија. Пред Бомгартнер, од Сарамандов беше изнесена и информација за предизвиците со кои се соочува Општина Гевгелија и за проектите кои се имплементирани и се имплементираат во општината со поддршка од Европската Унија.
Исто така, беа посетени ООУ „Владо Кантарџиев“-
Гевгелија и СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, каде на средбата со директорите и наставниците по француски јазик, Бомгартнер беше запознат со изведувањето настава по француски јазик во училиштата во Гевгелија.
По работната средба и посетата на двете училишта, градоначалникот Сарамандов и амбасадорот Бомгартнер дадоа изјава за медиумите.
Амбасадор Бомгартнер ги посети учениците во Гевгелија
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.