Во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија, за првпат се одржа Државното првенство за средни училишта во футсал.
Домаќин на Државното првенство за средни училишта во футсал беше Општинскиот сојуз на училиштен спорт од Гевгелија, под покровителство на Федерацијата на училишен спорт на Република Македонија. На првенството, покрај другите училишта, учествуваа и учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, под менторство на нивните наставници по физичко образование.
Официјално, спортскиот настан го отвори градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој на сите учесници им
посака среќа во натпреварите, истакнувајќи дека Општина Гевгелија секогаш го поддржува училишниот спорт бидејќи тој е
изворот на потенцијални локални спортисти. Посебно, што Општина Гевгелија и спортската сала „26 Април“ во континуитет
се домаќини на значајни спортски настани, како во професионалниот, така и во училишниот спорт.
Имено, на меѓусебните одиграни натпревари на трите екипи, беа постигнати следните резултати: СОУ „Јосиф Јосифовски” – Гевгелија – СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола 3 : 3; СОЕУ „Јане Сандански“- Битола – ДУФК „Методи Митевски – Брицо“ – Скопје 5 : 3; СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија – ДУФК „Методи Митевски- Брицо“- Скопје 11 : 2.
Победник на оваа Државно првенство и средношколски шампион во футсал во машка конкуренција е екипата на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, предводена од проф. Никола Караколев.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.