Меѓуетничка дружба на ученици од Гевгелија и Скопје

. Во рамките на Проектот на УСАИД и Министерството за образование и наука: „Меѓуетничка интеграција во училиштата“, СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија и партнер- училиштето СЕПУГС „Арсени Јовков“ од Скопје реализираа заеднички активности за јакнење на меѓуетничката кохезија вообразовниот систем и јакнење на демократската култура и граѓанското однесување меѓу младите. Притоа, во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија и СЕПУГС „Арсени Јовков“- Скопје, беа одиграни ревијални спортскинатпревари во баскет, пинг-понг и одбојка помеѓу учениците од
училиштата- партнери, а, исто така, беа изработени и транспаренти испишани со пораки на македонски и албански јазик за подигање на еколошката свест, зачувување на животната средина, но и подигање на свеста за негување на моралните вредности кои го обединуваат човештвото.
Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието има за цел создавање политичка, социјална и lекономска клима потребна за одржлива меѓуетничка интеграција во училиштата, во останатите образовни институции, па и во целото општество.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.