Скопскиот Кеј денес беше облагороден со неколку блескави тинејџери, кои ги освојуваа срцата на случајните минувачи.
Вредните ученици од ОУ “Гоце Делчев” од Скопје, нудеа мартинки во црвено бела боја кои самите тие ги изработиле, а собраните средства ќе ги искористат за својата полуматура.
Образованието е процес на образување и градење на една личност, а ова е вистински пример како се создава вредна и чесна младина и идни, со право и основа горди граѓани, а воедно и пред сѐ и правилно искористување на традицијата од минатото, пренесена од претците.
Нивната сума е мошне симболична, 20, 50 и 100 денари но нивниот пример вреди над сите пари, и веруваме дека за овој гест на овие полуматура ти некоја компанија ќе ги награди со поголем паричен податок, за нивната полуматура кои самите тие си ја одработуваат уште отсега, да не е на сметка на нивните родители.
Википедија за мартинките:
Мартинка- висулец од засукани конци кои се ставаат на 1 март за здравје во Бугарија, Романија, Македонија, Грција и Србија. Мартинката се изработува од волнено или памучно предиво во 2 основни бои — бела и црвена. Овој празник уште се нарекува и празник на “Баба Марта”.
*
Мартинка
УНЕСКО — нематеријално културно наследство
*
Обичајот Мартинки во Република Македонија со Одлука се прогласени за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, бр. 45-4183/1 од 16 јули 2019 година во Македонија. Потоа следи Решение за прогласување на значајно културно наследство УП.1 10-104 од 26 февруари 2014 година. Во 2017 година била донесена одлука за впишување на обичајот Мартинки на Претставителнниот список на УНЕСКО за нематеријални културно наследства на човештвото.
*
Датирањето на обредноста во врска со мартинките кои се прават во периодот на почетокот на март (1-ви Март), не може со прецизност да се утврди, бидејќи станува збор за многу архаична обредност која се поврзува со култот кон природата и плодноста, а ниту пак во историските записи постои податок за негово прецизно датирање. Во секој случај, станува збор за многу архаичен обичај кој на просторот на Балканскиот Полуостров и соседните региони е присутен не само со векови, туку може да се каже и со милениуми.
*
Овој обичај се јавува во неколку форми, во зависност од државата каде се практикува. Во Романија и Молдавија, мартинката се нарекува mărţişor, но таму мартинки носаат само жените, додека во Бугарија и Македонија ги носат сите. И во Југоисточна Србија исто се носат мартинки, генерално кај жителите со бугарско етничко потекло. Мартинки се носеле и се носат и од Македонците
*
Обичајот на правење мартинки, односно на еден вид амајлии изработени од усукани конци (најчесто од црвена и бела боја) се поврзува со почетокот на месецот март – први март, кој во народниот календар е познат под неколку имиња: Марта, Првна Марта, Баба Марта, Мартинден, Летник и сл. Покрај вообичаеното народно толкување, дека мартинките се носат за здравје и среќа во текот на претстојната година/лето, постои толкување и дека тие се носат „за од змии“, т.е. луѓето да немаат проблеми со змиите преку летото.
Самите мартинки, кои најчесто се од црвени и бели волнени конци, според традицијата вообичаено се изработуваат одвечер, спроти 1-ви март, или пак, во некои предели на самиот празник пред изгревот на сонцето. Според едно верување регистрирано во Радовишко, доколку конците се усукуваат на самиот празник, во тој случај змиите ќе се „сукаат“ околу луѓето преку летото додека работат по полето. Исто така, во некои предели, како на пример во Пијанец, постои и верување, дека мартинките кога се носат околу раката во пределот на шаката, не треба да се гледаат, односно не треба да ги види сонце – „за да не те изгори сонцето преку летото“, т.е. носителот на мартинката во тој случај ќе има проблеми со јакото Сонце.
Мартинките вообичаено се носат неколку денови во текот на месецот март и најчесто времетраењето на носењето на овие своевидни амајлии за заштита на луѓето од зло, несреќа и разни неволи, односно да им донесе здравје и среќа (к’смет) зависи од доаѓањето на преселните птици од југ. Имено, според народното толкување регистрирано во некои предели во источниот дел на Република Македонија, мартинките се носат сé додека не се здогледа првата ластовичка или штрк, кога според обредната пракса, мартинката се симнува од раката и се става под камен. Во некои западномакедонски предели, пак, мартинката кога се симнува се остава на гранче (грмушка) од трендафил (ружа).
Постојат и извесни варијанти во однос на боите на конците од коишто се изработувале мартинките, па така, освен од вообичаените црвено-бели мартинки, се правеле и мартинки од бела и црна волна во природна боја (Дебарца), или пак од црвени и модри конци, како што е на пример случајот во некои радовишки села, кога усуканите мартинки, освен на делови од телото (раце, врат, половина) се ставале и на бутимот. Во поретки случаи може да се јават и други варијанти на мартинките во однос на боите, како на пример црвена и црна боја на конците, или пак комбинација и со жолта (бело-жолти), но во секој случај најдоминантни се црвено-белите. Исто така, во поретки случаи, покрај волната, како материјал од којшто се изработуваат мартинките може да се јават и памучните, ленените или свилените (коприна) конци, но во најчест случај тие се правеле од волнени конци. Мартинките во некои предели во крајниот западен дел од македонскиот етнографски простор (Мијачија, Дебарско, Струшко) се познати и под други имиња, како на пример молњак, м’лњак, мањак и сл., односно молњаци, м’лњаци, мањаци (во множина).
*
Зборник на Миладиновци:
Дента спроти Марта сучат црвено и бело предено со цело; и утрината го клавает на децата на грло, на р’це и ноѕе за здравје. Тие се викает мартинки, и со ним в Струга сретват ластoвиците. Таја вечер пременувает местата, к’де спавале до тога, за да не ги јадат болви. Тој ден малите деца прават ластовица от дрво шикосано, и пејет по к’штите: „Ластовица идеше, Црно Море пливаше…“
Во класичниот изглед мартинката претставува засукан бел и црвен конец, најчестo волнен. Боите имаат строго определена смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа. Традицијата е на првиот ден од март најстарата жена во семејството да врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци. Затоа со мартинката се кити котлето, во кое се дои првото млеко на Ѓурѓовден; со мартинка се заврзвуваат билките од Иванден.
Мартинките се носаат до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк, а во Македонија и до здогледување на првата ластовица. Потоа се ставаат под камен и по нив се гадае. Ако после еден месец под каменот има мравки, годината ќе биде береќетна. Во некои краишта на Бугарија со мартинки се китат и домашните животни. Понекогаш мартинката се пушта во најблиската река “за да оди, како тече реката”. Традицијата вели уште дека среќа носи таа мартинка која ти е подарена. Затоа сите си даваат мартинки (роднини и пријатели) и досега. Во Бугарија, Шоплукот и Мелничко наместо бел конец во мартинката се вплетува син конец (прторив лекција), а во Родопите се ставаат уште неколку бои.
*
Според легендата, Македон се вљубил во Ксантија, тоа била љубов до последен здив. Но, злите сили, или некои од боговите, ја замениле Ксантија со цвеќињата…
*
Македон секоја пролет ја бара својата прва и незаборавна љубов на сите ливади и полиња, во сите бистри потоци и реки во сите градини во неговата омилена земја Македонија. Во чест на оваа несреќна љубов кон Македон и божицата на цвеќето Ксантија, Македонците првиот пролетен месец го нарекоа Ксант, а пролетниот празник Ксантика.
*
Ксантика, Македонците го слават како празник на пролетта, љубовта, цвеќето и убавината. Прославата се одржувала на улиците и во театрите, преку програма на танци, музика и ритуали.
*
Ксантика е празник во кој Македонците верувале дека има миење на душите, простување на гревовите, доминација на разбудената пролетна светлина над зимскиот мрак, кој ги угнетува нивните души. Симболот на празникот е црвено-белата плетенка, исткаена од бел и црвен конец, тоа е „мартинка“, таа едноставно магична црвено-бела плетенка што потоа се протегала како конец за да ги спои тие луѓе за време на празникот.
Ксантика е длабоко навлезена во душите на Македонците со зачудувачка моќ.
Прославата на Ксантика беше придружена со невиден ентузијазам и екстаза.
Црвено-бели симболи беа поставени на вратите и прозорците и оградите.
Жените и девојките од нив правеа ѓердани, ја украсуваа косата.
Мажите ги врзувале за појаси.
Децата ги носеа како нараквици на рацете.
Коњите и јагнињата биле направени од црвено-бело предиво.
Жените ја истакнуваа облеката, ткаена и везена во зимскиот период, збогатена со оригинална инспирација, монументална хармонија и раскошна боја.
Главните одлики на машката облека биле: шеритот (појасот), кој се сметал за симбол на мажественоста, кламидијата (наметка) и богато извезената и украсена кошула. Мажите носеа бели панделки или наметки (шапки со широк обод) на главите.
Вистинската убавина беа нивните мелодични песни и вртливи танци, особено рок (роки) и телесија (телесни).
Низ сите населби, низ сите долини и планини, со застрашувачка сила одекнуваа магичните звуци на тапани, гајди, зурли, труби и кавали.
Ксантика се празнуваше цел месец, со неверојатен ентузијазам и вознесување кон боговите и вечното Сонце – симболот на животот.
*
Како се прави мартинка?
Земате еден бел и еден црвен конец – по можност волнен или дебел вештачки. Ги заврзувате двата конца еден за друг. Замолувате пријател да го држи единиот крај на конците, вие држејќи го другиот (ако нема кој да помогне, го врзувате едниот крај за нешто). Го затернувате конецот и почнувате да засукувате помеѓу прстите само во една насока. Ги вртете конците, додека не почнаат да се завиваат еден со друг, и тоа на ситни суканици. Внимателно ги собирате двата краја и ги пуштате. Земате еден картон со димензии 5 на 6 см преклопете го на две. Започнувате да го замотувате белото и црвеното предиво околу него, така што од единиот крај да се одминува од другиот. Замотувајте колку пати сакате. Колку повеќе обиколки, толку подебела е Пенда. Го сечете конецот.Го поминувате пресуканиот конец во свитканиот дел на картонот. Разделете ги со ножици завитканите делови на местото каде што нема картон. Така се добиваат ресичките. Извлечете го внимателно картонот и вржете ги двата краја на ширина. Потоа со друг конец или со дел, пресечена од ширината, врзете подолу, за да направите глава.