ЈОУ КИЦ Битола со нова креативна иницијатива за младите битолчани

Јануари 2025

ЈОУ Културен и информативен центар Битола, со нова креативна иницијатива ги анимира младите битолчани од основните и средни училишта, преку создавање на кратки филмови да ја искажат својата креатива идеја. Пред идните сниматели, режисери и сценаристи или актери поставен е предизвик да снимат краток филм со времетраење до 3 минути, користејќи се со мобилен телефон, на темите: Туристичка промоција на Битола, Екологија и секако слободна тема.

Најдобрите остварувања , ќе бидат прикажувани секоја прва Сабота од месецот, во 18.00 ч. во Кино Манаки на Широк сокак, кој е дел од КИЦ Битола.

На овој начин го продолжуваме делото на Браќата Манаки и ја потикнуваме креативноста кај младите, како и можноста да искажат своја идеја или став. Најдобрите кандидати стануваат дел од наредната фаза на иницијативата, односно обуки и други можности за усовршување на талентот.

Кратките филмови во mp4 формат може да се испратат на [email protected].

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.